Понеделник, 29. јуни, проследете го предизборното соочување на кандидатите за пратеници од Охрид во 5 Изборна единица: Лазе Таневски од СДСМ и Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ.

Директиниот пренос што го реализираат OhridNews и „Мега продукција“, следете го во живо на нашиот портал, како и на facebook.com/ohridnews.mk и на YouTube .

Дебатата што ќе ја води новинарот Горан Момироски, ќе опфати актуелни теми од повеќе области значајни за граѓаните на Охрид. Од прва рака тие ќе можат да ги чујат размислувањата за иднината на Охрид и приоритетите во изборните програми на коалициите предводени од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

Онлајн соочувањето на кандидатите за пратеници од Охрид во 5 Изборна единица Лазе Таневски (СДСМ) и Кирил Пецаков (ВМРО-ДПМНЕ) почнува во 10.30 часот, наутро. Дебатата ќе се одржи на отворено на најмодерниот брод на Охридското Езеро „Армада“, со почитување на мерките за заштита од Ковид 19.

Онлајн предизборно соочување на ohridnews.com

OhridNews