Чествувањата по повод празникот Богојавление – Водици започнаа утрово во 7 часот  со богослужби во охридските парохиски цркви. Литиите од трите цркви „Св. Никола- Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Св. Георги од Горна Влашка Мала ќе се сретнат на плоштадот Св. Климент Охридски неколку минути пред 10 часот и ќе се упатат на пристаништето.

Според предвиденото, точно во 10 часот од Светилникот на пристаниште Дебарско – кичевскиот митрополит Георгиј ќе го положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

Чинот на осветување на езерските води следете го во живо на нашиот портал и на нашата фан страна на Фејбук.

На настанот се најавени и се очекуваат претставници од дипломатскиот кор и останати претставници од политичкиот и јавниот живот во државава.

По положување на крстот и осветување на езерската вода, точно напладне кај месноста „Сараиште“ ќе се одржи и традиционалното свето крштевање на сите луѓе кои сакаат да се крстат.

Во 12 часот на плоштадот „Св. Климент Охридски“ концерт ќе одржат фолк дивите, Елена Андоноска и Елена Велевска, а ќе се служи и топла ракија за сите верници и добронамерници.

По традиција од 9 до 15 часот, Црвен Крст – Охрид ја спроведува традиционалната крводарителска акција во ЦК „Григор Прличев“, „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СЕ“ . Екипи на Црвен Крст ќе се задолжени и за безбедноста на капачите.

И годинава организација на граѓанскиот дел од манифестацијата е на Општтина Охрид, додека црковниот дел на Дебарско-кичевската епархија.

OhridNews