– Овие подземни води доаѓаат еднаш на 50 години. Порано немаше јами, а сега ги има доста каде навлегуваат подземните води, од каде се прелеваат во куќите и предизвикуват штети, вели Ангеле Симоноски, постар жител на Пештани. Тој е револтиран на локалната самоуправа која како што вели цели 15 години ветува дека ќе го направи колекторот во Пештани кој никако да биде изграден.
Од големата влага во Пештани попуштаат и потпорните ѕидови, а жителите стравуваат и од лизгање на земјиштето. Септичките јами се преполни, а не помага ниту чистењето бидејќи тие веднаш се полнат со подземни води.
Во опасност е и регионалниот пат Охрид – Св. Наум. Екипи на Македонија пат вчера започнаа со поставување големи камења непосредно до патот во езерото, кои треба да го спречат продирањето на брановите подлабокот на брегот. На тоа реагираше „Проаква“ од каде побараа дислоцирање на камењата кои се поставени над цевководот, со цел да не дојде до негово оштетување.