Водата за пиење од градските јавни чешми во Охрид е со задоволителен квалитет и нема утврдени отстапувања од законски пропишаниот квалитет, информираат од Центарот за јавно здравје.
Со добар квалитет е и водата за пиење од градскиот водовод, која редовно се испитува со земање мостри за анализа.
Единствено, не се препорачува да се користи за пиење водата од „Билјанини извори“, која е со променлив квалитет. Во текот на годината извршени биле 24 испитувања на земени примероци од водата од Билјанини извори, при што во неколку наврати се пронајдени бактерии, велат од Центарот за јавно здравје.
Редовно се врши и анализа на земени мостри од површинската вода на Охридското езеро, која во континуитет е од прва и втора класа, со исклучок на Грашница, каде се влева реката Велгошка .
OhridNews













