Денес заврши комплетната физичко-хемиска и микробиолошка анализа на примероците на вода за пиење земени на 7 ноември од градската водоводна мрежа во Струга.

Сите анализирани параметри на земените примероци на вода се во законски дозволените граници, што значи дека согласно Правилникот за безбедност на вода водата од градскиот водовод во Струга е здравствено безбедна, информираат од Центарот за јавно здравје Охрид.

Извештаите од анализите, потенцираат, се испратени до надлежните инспекциски органи за натамошно постапување.

OhridNews