-Екипи од Скопје и Охрид, секојднвно вршат анализи и испитување на водата за пиење и до сега сите резултати покажуваат дека, водата може да се користи за сите намени. Тоа што е најважно, во моментов немаме евидентиорано случаи на заразни заболување, ниту во Пештани ниту во целиот овој регион. –изјави Кендровски.
Тој нагласуваа дека, водата од подземните води, со која се поплавени куќите и објектите во Пештани, се потенцијална опасност за жителите но не и за водоводот.
-Потенцијалниот ризик по здравјето на луѓето, кој настанува со појавување на подземните води, како ризик секако дека постои, меѓутоа можноста да настане загадување на водоснабдителниот систем е минимална. Значи во овој момент и според она што ние го гледам на терен, не постои опасност, а нашето превентивно делување е со цел да се спречат било какви проблеми.-вели Кендровки.
Тој објасни дека за да се дезинфицираат објектите, во кои има насобрано подземна вода , најпрво треба истата да се отстрани, а потоа тие треба да се исушат.
Водостојот на Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,99 односно 24 сантиметри над горната граница, но според надлежните, состојбата е стабила.
– Пораст на нивото на езерото нема, временската прогноза најавена за наредните денови можеме да ја окаратеризираме како поволна затоа што се очекува заладување и врнежи од снег, така што очекуваме некаде следната седмица можеби и да почне и да се намалува водостојот на езерото, изјави денеска во Охрид директорот на Управата за водостопанство, Методија Тоневски.
Претставници на еден од петте тимови на Координативното тело за превенција од природните непогоди, денеска ги посетија оние делови на крајбрежјето на езерото што се сметаат како потенцијално загрозени од неповолната хидролошка ситуација.