Поради дефект од пред два дена во водоводната мрежа, водата во градот Струга е загадена и не е за пиење.

Ги молиме сите граѓани да не консумираат вода за пиење, за лична хигиена и производство на прехранбени производи до следното известување.Работните тимови на претпријатието се на терен, за да се реши овој проблем, известуваат од ЈП Водовод и канализација Струга.

Од претпријатието велат дека се работи со  голем интензитет, пуштени се хидрантите за чистење на водата, и се изведува хиперклорирање на водата.

 

 

OhridNews