Контролните анализи што вчера ги изврши Центарот за јавно здравје Охридна на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, утврдиле дека се’ уште е голема матноста.
– Анализите по однос на параметарот резидуален хлор (дезинфекционо средство) и матност, извршени на 19.11. покажаа дека водата од градскиот водовод содржи доволно количество на дезинфекционо средство (резидуален хлор), но матноста е се’ уште над законски дозволената и пропишана вредност. Тоа значи дека водата од градскиот водовод во Струга се’ уште не е здравствено безбедна за пиење. Состојбата постојано се следи и јавноста ке биде известена кога квалитетот на водата ќе се нормализира. – информира Центарот за јавно здравје Охрид.