“Да бидемe брзи како ехото, во возобновувањето на водените спортови” – е желбата на претседателот на новоформираното спортско здружение  “Ехо КК” Олег Маленко  кое основна цел ќе има да ги заживува спортовите на вода, кои долги години се маргините на споротот во Охрид.

Спортското друштво кое беше формирано уште лани, со стартот на новата летна сезона стартуваше со уписот на новите членови, превенствено во кајак клубот.


Наша цел е Охрид да не биде само дестинација за туризам, туку преку ова спортското друштво да го развиваме и спортскиот туризам , но и да им понудиме на туристите и можности да ги користат спортските водени капацитети. Покрај кајакот, едрењето и веслањето, ќе ги развиваме и скијањето на вода кое е мошне атрактивно – вели Маленко.

Во клубот ќе работат тренери од областа на кајакот, а воспоставен е и договор со постојниот охридски кајак клуб “Стрмец“ и со струшкие клубови кои го негуваат овај традционален спорт.

–  Ние нема да бидеме никаква конкуренција напротив ќе се обидеме со остнатите клубови да му го вратиме сјајот на споротивите на вода – рече Маленко .


По кајак – кануто, од друштвото велат дека нареден чекор е пливањето , додека желба на сите е и рестарирањто на ватерполото кое е во подолгорочниот план.

Очекуваме локалната во соработка со државата да ни обезбеди локација каде ќе може да го позицинираме нашиот клуб, каде ќе може да изградиме хангари за складирање на кајаците, и клубот да биде една голема занимална за сите млади охриѓани – завршува Маленко.

Маленко потенцираше дека имамат подршка од охридскиот градоначaлник , Александар Петрески но и дека кога се работи за доброто на градот, таа треба да доаѓа од сите страни.

М.П.