Десеттото капење по крстот беше среќно за 25-годишниот Мартин Гоџоски, кој прв доплива до чесниот крст кој беше положен во осветените води на Охридското Езеро.

Тој на охриѓани им посака здравје, радост и среќа, а тие нему му честитаа на подвигот. На честитките се приклучи и  градоначалникот Кирил Пецаков.

Како изгледаше празнувањето на Богојавление – Водици во Охрид погледнете во видеото:

За фаќачот на крстот среќата е неизмерна (Музика група „Св. Софија“)

Традиционално, фаќачот на крстот го посети култниот  ресторан Св. Софија, каде започна возобновувањето на богојавленската традиција во самостојна Македонија, од страна на здружението “Богојавление”.

Од име на здружението за целосна афирмација на МПЦ, “Богојавление”, претседателот Љупчо Арнаудов на фаќачот на крстот му беше подарен Златник со ликот на Св. Јован Крстител.

Г. Момироски

Музика: Група Св. Софија