На воднредна седница Советот на Општина Охрид ќе одобри средства за помош на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.

Седницата ќе се одржи денеска напладне со само една точка на Дневен ред – Предлог-Заклучок за одобрување финансиска помош за настраданите од земјотресот на 6-ти февруари 2023 година во Република Турција и Република Сирија, информираат од Општина Охрид.

Сочувство до семејствата на загинатите по катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција вчера изрази градоначалникот Кирил Пецаков на официјалниот профил на Фејсбук, посакувајќи им на повредените побрзо закрепнување.

OhridNews