Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,53 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работ (УХМР).

Тоа е за 14 сантиметри над просекот за февруари утврден на 693,39 метри надморска височина или 43 сантиметри над дозволениот минимум (693,10).

Според неделната анализа водостојот на езерото е зголемен за три сантиметри од првиот ден кога бил на кота 693,50 м.н.в. до денешните измерени.

Температурата на водата е 6 степени, што е во рамки на просекот за февруари (6,5).

OhridNews