Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,51 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работ (УХМР).

Според неделната анализа водостојот на езерото е пораснат за три сантиметри од првиот ден кога бил на кота 693,48 м.н.в. до денешните измерени.
Температурата на водата е 6 степени, што е во рамки на просекот за јануари (6,8).
OhridNews











