Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,49 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Тоа е за 3 сантиметри над просекот за август утврден на 693,46 метри надморска височина или 39 сантиметри над дозволениот минимум (693,10).

Неделната анализа покажува опаѓање на нивото за 4 сантиметри мерено од првиот ден во анализираната недела (693,53 м.н.в.) до денешните измерени.

OhridNews