Водостојот на Охридско Езеро четири дена по ред е на нулта кота, покажуваат неделните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Водостојот е и за 22 сантиметри под просекот за овој месец кој изнесува 693,39 м.н.в.
Температурата на водата изнесува 9 степени сите деновите од неделната анализа, вклучително и денешната што е нешто повеќе од 2 степени над просечната.
Н.С.Ј.











