Водостојот на Охридско Езеро четири дена по ред е на нулта кота, покажуваат неделните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

И денес нивото  на езерото е на кота 693.17 метри надморска височина (м.н.в.), што е за 7 сантиметри над дозволениот природен минумум утврден на 693,10 м.н.в.

Водостојот е и за 14 сантиметри под просекот за овој месец кој изнесува 693,31 м.н.в.

Н.С.Ј.

извор. УХМР