Нивото на Охридското Езеро е три сантиметри под просекот за септември покажуваат последните неделни анализи направени од страна на Управата за хидрометеоролошки работи.

На 16 септември нивото било еден сантиметар над просекот, по што следните денови заклучно со вчера бележи благо опаѓање за сантиметар, два.

Температурата на водата е 20 степени што е во рамки  на просекот за септември.

OhridNews