Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693,73 м.н.в што е за 8 сантиметри над просекот за јуни (693,65 м.н.в) покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Температурата на водата е 19 степени што е малку под просекот за јуни кој изнесува 19,6 степени.
Инаку, во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Охрид, два литри на метар квадратен,а утрово беа измерени 11 степени.
OhridNews












