Водостојот на Охридско Езеро е 13 сантиметри под просекот за јули покажуваат денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Според мерењата нивото е на кота од 693.45 метри надморска височина, а просекот за јули изнесува 693.58 м.н.в. Нивото на езерото денес е 35 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 28 сантимерат над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в).

Температурата на водата денес е 24 степени што е во рамки на просекот за месецов.

OhridNews