Водостојот на Охридско Езеро 14 сантиметри под просекот месецов, температурата на водата 21 степен
15.09.25 11:41
Водостојот на Охридско Езеро е 14 сантиметри под просекот за септември покажуваат денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).
Според мерењата нивото е на кота од 693.20 метри надморска височина, а просекот за септември изнесува 693.34 м.н.в. Нивото на езерото денес е 10 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 3 сантимерат над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в).
Неделната анализа покажува опаѓање за еден сантиметар од првиот ден кога нивото било на кота од 693.21 м.н.в. до денешното измерено.
Температурата на водата денес е 21 степен што е во рамки на просекот за месецов.
По кратко боледување во 63-та година од животот денеска почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски познат како Бошко Ремис Илоски е роден на 23 јануари 1963 година Долги години успешно се зан...
Во тек е поставување електричен кабел и водоводна цевка до храмот „Света Петка“ во Дебрца, со што треба да се обезбеди негово снабдување со струја и вода, соопшти градоначалникот Златко Сиљаноски С...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им го честиташе 22 Ноември – Денот на албанската азбука на граѓаните Албанци, со порака дека заедничка должност е да се гради општество во кое различности...