Водостојот на Охридско Езеро е 17 сантиметри под просекот за јуни покажуваат денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Според мерењата нивото е на кота од 693.48 метри надморска височина, а просекот за јуни изнесува 693.65 м.н.в. Нивото на езерото денес е 38 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 31 сантимерат над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в).

Температурата на водата денес е 21 степен што е малку над просекот за месецов (19,6).

OhridNews