Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.38 м.н.в, односно еден сантиметар под просекот за февруари кој изнесува 693.39 м.н.в, покажуваат мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Неделната анализа покажува варијации од сантиметар до два, движејќи од 693.36 м.н.в и 693.37 м.н.в, достигнувајќи го денешното ниво од 693.38 м.н.в.
Температурата на водата денес е 9 степени што е околу 3 степени над просекот за февруари.
OhridNews













