Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.25 м.н.в што е за девет сантиметри под просекот за септември (693.34 м.н.в) покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Неделната анализа покажува благо опаѓање на водостојот од првиот ден кога бил на кота од 693.28 м.н.в до денешното ниво.
За температурата на водата и во неделната анализа и во денешните информации нема податоци, додека просекот за септември е 20 степени.
Н.С.Ј.










