Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.37 м.н.в, односно два сантиметри под просекот за февруари кој изнесува 693.39 м.н.в, покажуваат мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Наназад седум дена водостојот на езерото е константно на истото ниво како и денешно измереното, додека температурата на водата денес е 9 степени што е околу 3 степени над просекот за февруари.
OhridNews













