Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.58 м.н.в што е на просекот за јули (693.58 м.н.в) покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Неделната анализа покажува намалување на водостојот за еден сантиметар од првите четири денa кога истиот бил на кота од 693.59 м.н.в до денешното 693.58 м.н.в., додека, пак, кај температурата на водата се бележат благи варијации до еден степен.
Температурата на водата денес во езерото е 25,5 степени што е над под просекот за јули кој изнесува 22,8 степени.
Н.С.Ј.










