Водостојот на Охридско Езеро е осум сантиметри под просекот за ноември покажуваат денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Според мерењата нивото е на кота од 693.21 метри надморска височина, а просекот за ноември изнесува 693.29 м.н.в. Нивото на езерото денес е 11 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 4 сантимерат над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в).

Неделната анализа покажува благи варијации на нивото од еден до два сантиметри од првиот ден во неделата до денешното измерено.

Температурата на водата денес е 13 степени што е во рамки на просекот за месецов (12,9).

OhrdNews