Водостојот на Охридско Езеро е триесет сантиметри под просекот за март покажуваат денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Неделната анализа покажува благо зголемување за по еден сантиметар на нивото од првиот ден кога било на кота од 693.16 м.н.в., до денешното.
Температурата на водата денес е 9 степени што е над просекот за месецов кој изнесува 7,6 степени.
Во моментов охридскиот регион е зафатен со влажен бран проследен со врнежи од дожд, што зависно од интензитетот на врнежите се очекува да придонесе за подобрување на севкупната хидролошка состојба.
Н.С.Ј.











