Водостојот на Охридско Езеро 12 сантиметри под просекот месецов, температурата на водата 22 степени
01.09.25 13:59
Водостојот на Охридско Езеро е 12 сантиметри под просекот за септември покажуваат денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).
Според мерењата нивото е на кота од 693.22 метри надморска височина, а просекот за септември изнесува 693.34 м.н.в. Нивото на езерото денес е 12 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 5 сантимерат над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в).
Неделната анализа покажува опаѓање за еден сантиметар од првиот ден кога нивото било на кота од 693.23 м.н.в. до денешното измерено.
Температурата на водата денес е 22 степени што е во рамки на просекот за месецов (20.1)
Граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ ќе одржи јавна дискусија во Охрид на која ќе ги презентира барањата за утврдување приоритетни мерки и обезбедување буџетски средства за заштита на животната ...
Професионалноста не е она што го пишува во нашето работно решение Професионалноста е она што граѓанинот го добива кога ќе влезе во институцијата Ова го истакна министерот за јавна администрација, Г...
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) спроведува засилени контроли кај трговците во пресрет и за време на акциите по повод „Black Friday“, со цел да се утврди дали попустите и промотивните понуди се ...