Водостојот на Охридското Езеро е 14 сантиметри под просекот за јануари говорат податоците од утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска е на кота 693,24 м.н.в, додека просекот за месец јануари е 693,38 м.н.в.
Во однос на мерењата од почеток на месецот, на први јануари водостојот бил само еден сантиметар повисок, додека останатите денови е константно на ниво од 693,24 м.н.в.
Температурата на вода во езерото е еден степен над просекот и изнесува 8 степени.
OhridNews