Водостојот на Охридско Езеро десет сантиметри над просекот за декември
15.12.25 10:42
Водостојот на Охридско Езеро е десет сантиметри над просекот за декември покажуваат денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).
Според мерењата нивото е на кота од 693.42 метри надморска височина, а просекот за декември изнесува 693.32 м.н.в. Нивото на езерото денес е 32 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 25 сантимерат над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в).
Неделната анализа покажува дека нивото сите денови било на кота од 693.41 метри надморска височина, освен денес кога е зголемено за еден сантиметар.
Температурата на водата денес е 11 степени што е над просекот за месецов (9,3).
ГРК Охрид денес и утре во СРЦ „Билјанини извори“ ќе го одигра двомечот со литвански Драгунас Клаипеда во рамки на третото коло од ЕХФ Европскиот куп Ракометарите се надеваат на победа во двата натп...
СВР Охрид ги известува граѓаните дека поради претстојната официјалната посета на премиерот на РАлбанија Еди Рама, утре, 22112026 година, започнувајќи од 06:00 часот, заклучно со 17:00 часот ќе бида...
Мирен граѓански протест против фемицидите, родово базираното и семејното насилство е најавен за денес од 12 до 14 часот во Охрид Од „Охрид не молчит“ посочуваат дека целта е да се испрати јасна по...