Водостојот на Охридско Езеро е девет сантиметри над просекот за јануари покажуваат денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Според мерењата нивото е на кота од 693.44 метри надморска височина, а просекот за јануари изнесува 693.35 м.н.в. Нивото на езерото денес е 34 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 27 сантиметри над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в).

Неделната анализа покажува покачување од 8 сантиметри од првиот ден кога нивото било 693.36 м.н.в. до денешното измерено.

Температурата на водата денес е 7 степени што е во рамки на просекот за месецов (6,8).

OhridNews