За два сантиметра е намален водостојот на Дојранското Езеро, а за еден сантиметар на Охридското, додека нивото на Преспанското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Со тоа, водостојот на Охридското Езеро е за четири сантиметри повисок од просечниот за август, додека нивоата на другите две природни езера во земјава се пониски од просечните и тоа за 1,22 метри кај Дојранското и за 1,8 метри кај Преспанското Езеро.
За разлика од езерата водостоите на реките најчесто се слични како вчерашните или се малку повисоки или пониски.
OhridNews