Кошаркарите на Голден Стејт се новите шампиони во НБА лигата. „Воините“ во финалната серија го совладаа тимот на Кливленд со 4-2.


Четвртата и шампионската победа Стеф Кари и дружината ја забележаа на теренот од противникот во шестиот натпревар совладувајќи го со 105-97.


Екипата на Голден Стејт титула во НБА лигата освои по пауза од 40 години, а Леброн Џејмс и во вториот обид со Кливленд не успеа да стигне до шампионскио прстен.


За најкорисен играч во финалната серија избран беше Андре Игудала, кој одигра клучна фигура во последните три натпревари кои „воините“ сите ги добија.

Мх.П.