Поранешниот бек шутер во охридскиот кошаркарски прволигаш Амак СП, Војдан Стојаноски, кој својата кариера ја продолжи во украинскиот Черкаси, каде што ќе остане една година, не може, а да не се присети на Охрид.


– Посебно ми е драго што се вратив овде во Охрид, каде поминав поминав две одлични години, имав можност да се видам со доста мои пријатели и како некогаш да се релаксирам покрај Охридското Езеро. Штета што Охрид нема прволигашка екипа, ги има сите услови, ја има најдобрата сала во Македнија, прекрaсно опкружување и навистина е штета што нема кошаркаски клуб кој би бил вистински репрезент и на градот и на Македонија – потенцираше Стојаноски.

Стојаноски, за кого украинскиот Черкаси ќе биде второ интернационално искуство, очекува трансферот во Украина да му го отвори патот кон Европа.

М.П.