Вчера во Брисел, земјава го потврди учеството на армијата во новата постконфликтна мисија на НАТО во Авганистан. Во неа, ќе има потреба од обука на воен персонал, цивилна полиција, односно поширок спектар на сили, како би му се помогнало на авганистанското општество побрзо да застане на нозе.

Според генерал-мајор Горанчо Котевски, најбитно сегмент е вистинското време на повлекување на трупите од ИСАФ-мисијата и добивање информации за тоа каде можат партнерите на НАТО да се вклучат во 2014-тата.

Успешно ги извршивме поставените задачи во Авганистан. Иако сме мала земја, ние придонесовме за глобалниот мир и стабилност. Сега се преземаат мерки, како успешно би се повлекле нашите сили од ИСАФ мисијата.“ – изјави Котевски за МИА.

Инаку, македонските војници во оваа земја ја обезбедуваат Главната команда на ИСАФ-мисијата во Кабул.

OhridNews