Војводина е подготвена да го продаде македонскиот репрезентативец Даниел Мојсов во Црвена звезда или Партизан, доколку за него стигне задоволителна понуда, изјавил за „спортал.рс“, спортскиот директор на клубот Миодраг Пантелиќ.
Мојсов подолго време е суспендиран од првиот тим, откако одби да го продолжи договорот кој му истекува за шест месеци. Клупската политика на Војводина е да не ги продава своите најдобри играчи на конкурентските екипи од Белград.
„Доколку за Мојсов пристигне понуда од Црвена звезда или Партизан ќе ја разгледаме. Ситуацијата со него е специфична, неговиот договор истекува за шест месеци и ова е последна шанса клубот да заработи од неговиот трансфер. Сепак деновиве никој од Белград не се јави во врска со евентуалниот трансфер на Мојсов. До крајот на преодниот рок останаа уште неколку денови, меѓутоа за него нема пристигнато ниту една понуда“, изјавил Пантелиќ.
Даниел Мојсов е единствениот фудбалер на Војводина на кого не му е укината суспензијата, клубот во вторникот, откако им изрече парични казни, во првиот тим ги врати Шкулетиќ, Трајковиќ и Смиљаниќ.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...