Фудбалерите на Рома немаат намера да се предадат во борбата за 4-то место на табелата во Серија А. „Волчицата“ на еден бод негатива од четвртопласираниот Милан се врати после тешко извојуваната победа над Болоња (2-1) на Олимпико.

Во првото полувреме мрежите мируваа, а подобар противник беше гостинскиот состав. Во 55-та минута Александар Коларов со погодок од пенал го отвори резултатот. Во 73-та минута домаќините зголемија на 2-0 преку Федерико Фацио, а гостите добрата игра ја искористија да постигнат почесен погодок.

Со дуелот на Олимпико се заокружи 24-та рунда во Серија А.

OhridNews