Екипата на Рома ги засили своите редови со нов фудбалер во летниот преоден рок, откако преговорите со Севиља околу францускиот репрезентативец Стивен Нзонзи завршија успешно.

„Волчицата“ за услугите на 29-годишниот фудбалер на Севиља ќе и плати 30 милиони евра и дополнителни 5 милиони евра како бонуси. Корпулетниот фудбалер со Рома потпиша четиригодишен договор вреден 12 милиони евра.

Со доведувањето на Нзонзи, Рома продолжи со активностите на трансфер пазарот. До сега, во клубот пристигнаа 11 фудбалери Анте Чориќ, Иван Маркано, Џастин Клајверт, Давиде Сантон, Никола Зинола, Брајан Кристанте, Даниел Фузато, Грегори Дефрел, Хавиер Пасторе, Робин Олсен и Антонио Миранте.

OhridNews