Фудбалерите на Рома со 3-1 го совладаа тимот на Карпи и ја продолжија победничката серија во „Калчо лигата“ на четири мечеви.


„Џалоросите“ до трите вредни бодови стигнаа со головите на Един Џеко и Мухамед Салах во 84-та односно 85-та минута.

Претходно, гостите од Рим поведоа со голот на Дигње во 56-та минута, а домаќините во игра за поволен резултат се вратија по пет минути.


Во финишот со два брзи погодици „волчицата“ ги зграпчи бодовите кои ја враќаат во игра за местата кои водат во Лигата на Шампиони.

OhridNews