Фудбалерите на Наполи со 2-0 ја совладаа екипата на Рома во дербито на десеттото коло во Серија А.
Дербито на сонцето како го нарекуваат мечот меѓу Наполи и Рома помина во знакот на домаќините, кои како никој до сега во Италија ја надигра „волчицата“.
Гонзало Игуаин уште во 3-та минута го отвори резултатот, а конечните 2-0 ги постави Каљехон во 85-та минута.
Резултати : Наполи – Рома 2-0, Емполи – Јувентус, Парма – Интер.
Мх.П.