– Мило ми е што постои ваква размена на студенти и професори меѓу високообразовните институции од двете земји. Иако не ја знам точната бројка на студенти кои од Македонија заминуваат во САД, сепак знам дека секоја година има неколку стотици кои се решаваат на ваков чекор. Би им препорачал да одат во Америка, да заработат пари и да се вратат назад и го пренесат тоа како искуство во сопствената земја, рече амбасадорот Волерс.
Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, Златко Жоглев, со совет до студентите кои имаат намера за студиски престој во САД- по престојот да се вратат во матичната земја со цел да дадат придонес кон нејзиниот развој.
– Секој може да оди секаде, но никаде не е како дома. Каде и да оди студентот, тој ќе биди доселеник, без разлика какви квалитети поседува. Ако сите студенти се вратат во нашата држава, веруваме дека ќе дадат придонес за понатамошен развој на нашата држава, рече ректорот Жоглев.
Соработката меѓу ФТУ и амбасадата на САД продолжува и во наредниот период. Во рамки на заедничкиот проект со амбасадата ќе биде отворен и американски центар во ФТУ, а во месец април американски експерти од областа на туризмот ќе престојуваат на охридскиот факултет, од каде истовремено предавањата ќе може да ги следат студентите во Охрид и во САД.
фото:Емилио