Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс, денес, од Охрид им порача на политичките субјекти во земјава да ги насочат своите активности кон надминување на политичката криза.

– Оваа криза, доколку може да се нарече криза, треба да биде разрешена за доброто на државата. Сметам дека политичките лидери и владата треба да работат заеднички за доброто на иднината на земјата, на Република Македонија, а не само за своите политички интереси. Сметаме дека политичката ситуација може да се надмине, но за тоа е потребно да се седне и заеднички да се разговара, изјави амбасадорот на САД.

Волерс рече дека нема да дава сугестии како да се надминат недоразбирањата и дека тоа останува да го решат политичките субјекти, но повтори дека тие мора да работат во интерес на државата.

Т.К.