Две сезони во низа во Бундес лигата доминира Баерн Минхен освојувајќи ги титулите со голема бодовна разлика пред конкурентите.
Тимот на Волфзбург значително се засилува и со силите кои ги има во сегашниот ростер на фудбалери ќе биде најблиску до „баварците“.
Во редовите од второпласираниот тим на табелата ќе пристигне Андреа Шурле од Челси, за кој „волците“ ќе платат 30 милиони евра.
Од екипата ќе замини Ивица Олиќ, но останатите фудбалери Диего Беналија, Иван Перишиќ, Арон Хант, Кевин де Брујин, Кристијан Теш, Луис Густаво и Налдо би требало „колку толку“ да му парираат на ѕвездите од Баерн Минхен.
Мх.П.