Тео Волкот го делат само медицинските прегледи да го комплетира трансферот од Арсенал во Евертон, кој целокупно ќе изнесува 20 милиони фунти.
28-годишниот фудбалер во редовите на Арсенал пристигна како тинејџер со голем потенцијал во 2006 година. Но, кариерата на Волкот не се разви како што најавуваа и посакуваа сите во Арсенал. Честите повреди и променливата форма не му дозволија на Волкот да ја оправда надежта на англиските фудбалски фанатици.
Менаџерот на Евертон, Сем Алардајс во Волкот гледа решение за офанзивните задачи во екипата и добар партнер за Вејн Руни со кој имаат играно заедно во репрезентацијата.
„Карамелите“ веќе донесоа еден фудбалер во зимскиот преоден рок купувајќи го Ченк Тосун од тимот на Бешикташ.
OhridNews