Лондонскиот премеирлигаш Арсенал силно го посакува фудбалерот на Лестер, Ријад Марез во своите редови за следната сезона.
„Топчиите“ подготвени се во понудата за алжирскиот репрезентативец да го вметнат и Тео Волкот кој е далеку од топ форма последниве сезони.
25-годишниот фудбалер вниманието го привлече со раскошната и пред се континуираната игра во сите натпревари заедно со Џејми Варди.
Волкот, пак, не го покажа сиот свој талент на Емирати и „топчиите“ планираат да го жртвуваат за исполнување на трансферот број еден.
Марез во Лестер пристигна од Рен во 2014 година, а сезонава има учинок од 16 погодоци и 11 асистенција што го прави меѓу петте фудбалери според статистичките бројки во Премиер лигата.
Цената на трансферот ќе изнесува околу 20 милиони евра, ако и Волкот се согласи да се пресели на Кинг Пауер стадионот.
OhridNews