Младиот азербејџански волонтер стане еден од јунаците на денот на првите во историјата Европски игри кои се одржуваат во Баку, откако го спаси полскиот гимнастичар Бартоломеј Гес од тешка повреда.
Гимнастичарот Гес, при изведување на својата вежба направи грешка и излета од трамполината. Меѓутоа, во моментот додека паѓаше едно момче ангажирано како волонтер притрча и успеа да го прифати по што и двајцата паднаа на земја.
За среќа , инцидентот заврши без повреди и за двајцата. Гес, разбирливо, за својот настап доби лоши оценки, а момчето овации од Националната гимнастичка арена во Баку.
Трамполината е воведена како официјален спорт на олимписките игри до 2000 година.
„Макфакс“