Волонтерите на „Чист Охрид“ во текoт на вчерашниот ден спроведоа вонредна акција за чистење на месноста Сараиште. Акцијата била реализирана како солидарност со локалното население од околината на Сараиште, кое редовно презема активности за чистење, уредување и одржување на плажата.
-Нашите волонтери започнаа со акцијата во 8 часот наутро. Се чистеше околу кајчињата, при што беа собрани голем број пластични шишиња, делот од плажата над цементираниот дел и околу клупите, каде што имаше голема количина лименки и друг отпад, се уредуваше површината со песок и ситни камчиња, а потоа се премина на горниот дел, од каде што се отстрани отпадот од отворените и тревните површини, жардиниерите и споменикот на Коста Абраш, информираат од „Чист Охрид“.
Оттаму апелират посериознo да се спроведувасат активностите за чистење на јавните површини во градот.



.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)









