Волонтерите на Црвен крст Охрид и оваа година по трет пат беа дел од свечената матурска вечер посветена на лицата со посебни потреби, која е во организација на Tim Tebow Foundation, под име “NIGHT TO SHINE”.

На настанот учествуваа 15 млади волонтери од Клубот на млади кои три часа се дружеа, играа, пееја и се забавуваа со специјалните гости на вечерта, информираат од организацијата.

Додаваат дека огромно е задоволство што волонтерите од Клубот на Млади на Црвен крст Охрид имаа повторно прилика да ја почувствуваат магијата на овој настан и со овие личности заедно да ги делат насмевките.

OhridNews