Волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид денови на фреквентните јавни места во Охрид на нашите сограѓани и туристи им делеа вода и даваа корисни совети за заштита од топлотниот бран.
Во овој летен период со жешки температури, важно е нашите граѓани да се информирани за тоа како да се заштитат од топлотниот бран. Вниманието најмногу го насочивме кон повозрасните лица и хронично болните кои се во поголем ризик во ова топло време, информираат од Црвен крст Охрид.
Воедно, советуваат за време на најтоплиот период од денот (од 10 ч до 17 ч) да се избегнуваат напорни физички активности на сонце, постојано да се внесуваат течности, да се избегнува мрсна калорична храна и да се носи светла лесна облека и заштитни очила и капа.
OhridNews