Со полагање свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан во Охрид, волонтерите на Црвен крст Охрид и претставници на Црвениот крст од Зеволде, Холандија, му одадоа почит на основоположникот на идејата за формирање на меѓународното движење на Црвениот крст, Анри Динан, кој е роден на денешен ден пред 188 години. Затоа и 8 Мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Преку глобалната мрежа од речиси половина милион вработени и преку 100 милиони волонтери, членови и поддржувачи во 190 земји во светот, Црвениот крст / Црвената полумесечина дејствуваат како сила за позитивна промена за најранливите категории на население во ситуации како катастрофи и вооружени конфликти, обезбедувње на поддршка во урбани центри и тешко достапни подрачја, како и застапување на ранливите групи во политичките кругови и владите.

Активностите на Црвен крст Охрид во рамки на Неделата на Црвен крст, која се одбележува од 8-15 мај, продолжуваат утре во 10 часот, кога започнува отворениот инфо ден за најмладите од детските градинки и учениците од основните училишта.

OhridNews